Бебе Готвач ( Bebe Gotvac )

4.7 (487)

라이프스타일 | 8.8MB

기술

Бебе Готвач е апликација посветена на исхраната на доенчиња и мали деца и е обид за уште еден чекор напред во промоцијата на правилна и здрава исхрана уште од раната детска возраст. Значењето на правилната и здрава исхрана е непроценливо во градењето на здрави деца.
Како мајки, тргнавме од сопствените стравови и искуство. Од прашањата “дали ги правам вистинските и правилните чекори”, немањето идеа “што да зготвам утре ”, незнаењето “дали оваа комбинација е во ред” и тн. произлезе идеата за еден ваков Бебе Готвач.
Апликацијата Бебе Готвач содржи рецепти поделени по месеци уште од смиот почеток на дохраната од 6 месечна возраст па нагоре. Содржи табели за дохрана поделени по месеци кои ќе ви помогнат во правилно воведување на нови намирници за соодветната возраст на вашето бебе/дете.
Сите рецепти и табели за дохрана се собирани од брошури за правилна исхрана на бебиња, готвачи за бебиња, искуства на други мајки и што е најважно се води по препораките од Прирачникот за правилна исхрана на доенчиња и мали деца, кој е издаден од Институтот за Јавно Здравје на РМ и неговата препорака за започнување со исхрана по 6-от месец, дохрана.
Апликацијата нуди планер со готови неделни мениа кои ќе ви го олеснат секојдневието и со кои нема да треба да размислувате што да згптвите во денот.
Исто така содржи кошничка за намирници со која може да ги обележите намирниците во рецептите кои ви се потребни да ги набавите.
Се надеваме дека овој Бебе Готвач ќе ви биде од голема корист.
Искрено,
Тимот на Facebook групата Здрава храна, здрави деца.

Show More Less

새로운 소식 Бебе Готвач ( Bebe Gotvac )

Bug fixes

정보

업데이트 날짜:

현재 버전: 2.7

필요한 Android 버전: Android 4.1 or later

Rate

(487) Rate it
Share by

당신은 또한 좋아할 수 있습니다